Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица за излез од државата има задржување од 30 минути , додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.