Диего Осорио е уапсен од полицијата на аеродромот во Богота додека се подготвувал да полета кон Шпанија
Не му доаѓа памет на Диего Осорио (46). Поранешниот фудбалски репрезентативец на Колумбија повторно уапсен во обид да криумчари дрога. Овојпат падна во раце на полицијата на аеродромот во Богота со еден килограм кокаин скриен во гаќи.
Колумбискиот дефанзивец, кој ги бранеше боите на својата земја на олимпискиот турнир во Барселона во 1992 година на Копа Америка во 1991 година и во 1993 година, според локалните медиуми, тргнал на пат за Шпанија, но предвреме го завшрил.
Поранешниот фудбалер на Атлетико Насионал беше приведен и во 2002 година при, исто така, обид за шверц на кокаин.