Published: Thursday, November 5, 2015 11:10
Уставниот суд на Колумбија синоќа донесе одлука со која на хомосексуалните партнери им дозволува да посвојуваат деца, известуваат медиумите од светот.
Во февруари оваа година беше донесена одлука на хомосексуалните парови да им се дозволи да посвојуваат, само доколку децата имаат биолошка врска со родителите.
– Врз основа на Уставот и меѓународните стандарди за заштита на човековите права, сексуалната ориентација на еден човек не претставува морална или ментална препрека за посвојување деца, се вели во соопштението на колумбискиот суд.
Хомосексуалните бракови и понатаму се забранети во Колумбија, но одобрена е форма на граѓанска заедница, која подразбира право на заедничко социјално осигурување и право на наследство во случај на смрт.




