Авион со 81 лице, меѓу кои фудбалери на бразилски клуб се урна во централна Колумбија, соопшти здружението за цивилна авијација во Богота.
Засега не се знае бројот на жртвите, но како што објавува агенцијата АФП, шестмина бразилски фудбалери ја преживеале несреќата.
Авионот се урнал во понеделеникот според локално време.
Спасувачките екипи ги извлекуваат преживеаните од местото на падот, пренесува Ројтерс информацијата на Здружението.
Авионот летал од Боливија кон колумбискиот град Меделин.
На твитер профилот на аеродромот Хозе Мариа Кордоба де Рионегро кој се наожа недалеку од Меделин се наведува дека според информациите од теренот „има преживеани“.
Фудбалерите на бразилскиот клуб Шапикоенсе биле меѓу 72 патници и деветмина членови на екипажот на авинот, објави Ројтерс.
-По се изгледа причина е што снемало гориво во авинот, изјавил Елкин Оспина градоначалник на градот Ла Цеха.
Поради лошите временски услови, до местото на несреќата може да се дојде само по локалните патишта, се наведува на Твитер профилите на аеродромските претставници.
Фудбалскиот тим требало в среда да го игра првиот од двата финални натпревари Копа Судамерикана со Атлетико Националн од Меделин.
Градоначалникот на Меделин Федерико Гурирес изјави дека ова е трагедија од огромни размери.
Фудбалскиот сојуз на Јужна Америка денеска донесе одлука да се откажат сите натпревари и останати активности по падот на авионот во Колумбија во кој се наоѓаше и бразилскиот фудбалски тим Чапекоенсе.
Претседателот на сојузот на Јужна Америка, Алехандро Домингез се наоѓа на пат кон Меделин, местото каде се случи трагедијата.




