НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колумнистот на Њујорк Тајмс и нобеловец Пол Кругман доаѓа во Скопје

0
By Соња Крамарска on May 19, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Американскиот професор, водечки колумнист во Њујорк Тајмс и нобеловец Пол Кругман, доаѓа во Скопје. Кругман ќе има 30-минутно обраќање на отворањето на годинешната конференција на Економскиот и финансиски форум (СЕФФ), платформа за дијалог на економски и финансиски теми, организирана од Министерството за финансии.

Нобеловата награда за економија Кругман ја доби во 2008 година за истражување за меѓународната трговија и економска географија, со што беше нов модел на меѓународна трговија.

Пол Кругман е се смета за еден од највлијателните економисти во денешницата. Освен по редефинирањето на теоријата за меѓународна трговија, тој е познат и како основач или коосновач на неколку нови дисциплини во меѓународната економија – од новата трговска теорија (NTT) и новата економска географија (NEG) до модели на финансиски кризи и движења на девизниот курс.

Во својата кариера, предавал на престижни универзитети како „Јеил“, Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ), „Принстон“, „Стенфорд“ и на Лондонското училиште за економија. Автор или уредник е на 27 книги и повеќе од 200 академски трудови објавени во стручни списанија. Особено е популарна неговата колумна што ја објавува на страниците на „Њујорк тајмс“.

Годинешната, втора конференција на СЕФФ ќе се одржи на 30 и 31 мај 2022 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. (С.К.)

Економски форум Пол Кругман Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.