Командантот на украинскиот баталјон Азов, Денис Прокопенко, се обрати до јавноста и рече дека добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол и да ги спасат животите на борците.

„Цивилите се евакуирани, а на тешко ранетите им беше укажана потребната помош, па беа евакуирани, за подоцна да бидат разменети и да пристигнат на територијата што ја контролира Украина“, објасни украинскиот командант.

Прокопенко рече дека процесот на извлекување на телата на борците кои загинаа бранејќи го Азовстал сè уште е во тек и оти се надева дека „во блиска иднина роднините на жртвите и државата Украина ќе можат чесно да ги погребаат своите војници“.

„Постојано нагласувавме дека за нас најважни се цивилите, ранетите и мртвите“, рече Прокопенко во видеото што го сподели полкот Азов на сервисот за пораки Телеграм.