Кошаркарската Федерација на Северна Македонија, Националниот Олимписки Комитет и Градот Скопје за денеска организираат Комеморативна седница за македонската кошаркарска легенда, Благоја Георгиевски-Буштур.
Комеморацијата е закажана за 12 часот во салата „Платинум“ во хотелот „Double Tree by Hilton“ во Скопје.
Благоја Георгиевски-Буштур го загуби животот во трагичната сообраќајна несреќа што во средата вечер се случи во скопската населба Кисела Вода.