Published: Tuesday, January 10, 2017 09:52
Десетици илјади Иранци се собраа утрово во комплексот на Техеранскиот универзитет за да присуствуваат на комеморацијата за бившиот ирански претседател Акбар Хашем Рафсанџани.
Молитвата пред неговиот ковчег ја предводи врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи.
Денешниот ден во Иран е прогласен за неработен за да можат граѓаните да му оддадат почест на Рафсанџани, објави АФП.
Тој почина во неделата како последица на срцев удар. Имаше 82 години.




