Американската телевизиска мрежа Си Ен Ен му даде отказ на коментаторот со конзервативни гледишта Џефри Лорд, откако на еден критичар на Твитер му одговори со нацистичкиот поздрав „Зиг Хајл“.

Лорд ваква порака му испрати на директорот на либералната невладина организација „Медиумите и значат на Америка“.

-Коментаторот веќе не работи во Си Ен Ен, а нацистички коментари и поздрави не можат да се оправдаат, изјави портпаролот на ТВ мрежата.

Во интервју за АП, Лорд објасни дека ја почитува Си Ен Ен и нејзините новинари и дека во основа не се согласува со одлуката, бидејќи неговиот твит не претставува афирмација на нацизмот и фашистичките идеи, туку намера да ја исмее лоби групата и нивната тактика на бојкот во пренесување на конзервативните мислења.