ЕСА објави звуци кои доаѓаат од кометата 67Р/Чурнумов-Герасименко снимани од сондата Филе. Магнетометарот на сателитот го снимил звукот додека се приближувал кон кометата за да го активира роботот да слета на нејзината површина.
Според ЕСА звукот претставува осцилација во магнетното поле околу кометата.
Научниците веруваат дека звукот е создаден од кометата во текот на ослободување честички во вселената кои потоа се наелектризираат со јонизација.
– Ова е возбудливо затоа што е нешто сосема ново за нас. Ние не ја очекувавме оваа појава и се уште работиме да ја разбереме физиката на случувањето, изјави Карл-Хајнц Гласмаер, главниот истражувач од Плазма конзорциумот на проектот Розета.
Звукот е вон дометот на човечкиот слух, во ранг од 40-50 милихерци, така што агенцијата ја засилила фреквенцијата за 10.000 пати за да ја создаде снимката што можеме да ја слушнеме.
Инаку Филе кој веќе го исполни историското слетување на кометата, и е моментално стабилен секојдневно праќа слики кон Земјата. Сепак, пред научниците се нови грижи, бидејќи тој слетал еден километар подалеку од планираната цел и се наоѓа во сенка.

Научниците сега стравуваат дека Филе нема да има доволно светлост за да ги наполни батериите, а судејќи по моменталните податоци, роботот прима само час и половина сончева светлост при секоја ротација на кометата која трае 12 часа, а според прописите би требало да бидат вкупно 7 часови.
Оттаму и стравот дека нема да биде доволно за да се изведи целосно планираната операција.




