Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата расправа за буџетот без пратениците од ВМРО ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on December 5, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото Мета
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за финансирање и буџет денеска ја продолжи расправата по Предлог-буџетот за 2018 година.

Со продолжението на седницата претседава пратеникот од СДСМ Васко Ковачевски  кој го назначи претседателот на Собранието Талат Џафери да претседава со Комисијата откако претседателката на ова собраниско тело Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ повторно го одложи закажаното продолжение за денеска претпладне.

На седницата не присуствуваат членовите пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците од владејачкото мнозинство аплеираше до своите колеги да дојдат и да се вклучат во дискусијата.

– Апелирам до колегите од ВМРО-ДПМНЕ дека треба да дојдат и да се вклучат во дискусијата за буџетот. Да ги обрзложат или да ги бранат многуте амандмани што ги предложија за буџетот и чувствувам потреба дека доколку донесат таква одлука во секој момент претседателката на Комисијата Лилјана Кузманова може да дојде и да продолжи да ја води седницата и да почнеме суштинска дебата, затоа што роковите течат. Денеска е шестиот ден, а вкупно се десет и ние мора да продолиме со работа, рече Јован Митревски од СДСМ.

Тој појасни дека буџетот е еден од најзначајните документи и точката на дневен ред е еден од најважните за функционирање на државата и затоа како владеачко мнозинство чувствуваме потреба да продолжи со работа оваа Комисија.

– Бевте сведоци дека изминантите денови секојдневно беше закажувано продолжение и дваесетина минути пред да почне истата беше одложувана. Тоа се случи и за денеска, рече Митревски.

На денешното продолжение на седницата тече општиот претрес по Предлог-буџетот за 2018 година.

Расправата почна минатата недела на 27-ми ноември и оттогаш беа закажани неколку продолженија кои не се одржаа. Кузмановска ја одложуваше седницата на Комисијата за Буџетот по акцијата за приведувања во врска со насилството во Собранието на 27 април, меѓу кои се и шестмина пратеници од нејзината пратеничка група.

Расправата во Комисијата трае 10 дена, а потоа предлогот се праќа на пленарна седница каде расправата трае пет работни денови. На предложениот текст се поднесени 279 амандмани.

Буџет 2018 ВМРО-ДПМНЕ Ковачевски Комисија за финансирање и буџет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.