Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата за дијабетес:Нема проблем со инсулините

1
By Нова ТВ on June 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 7, 2016 12:34

Во врска со изнесените наводи на прес конференција од страна на претставници на здруженија на лица со дијабетес, Националната комисија за дијабетес информира дека сите инсулини кои се користат во Република Македонија се од врвните светски производители и истите се во употреба во најразвиените здравствени системи во светот. Вашите тврдења дека инсулините што се користат во Република Македонија се несоодветни и неквалитетни е целосна и исклучително опасна невистина, имајќи ги во предвид големиот број лица со дијабетес тип 2 во Република Македонија кои користат хумана инсулинска терапија и се одлично регулирани.

 Лицето кое во континуитет дава опасни и целосно невистинити изјави, и кое се претставува како претставник на здружение на деца со дијабетес борејќи се за нивните права, иако националното упатство за дијабетес воопшто не се однесува на дијабетес тип 1, по информацијата дека инсулините не дејствуваат, беше повикано да го пријави тоа во надлежните институции за да се испита вистинитоста на овие тврдења; но, за жал, лицето никогаш не го стори тоа.  Инсулинските потреби на сите пациенти на инсулинска терапија се целосно задоволени согласно прескрипциите на специјалистите, и навремено се реагира во испораките доколку е потребно.

 Со последната набавка овозможени се дополнителни 50 инсулински пумпи за децата со дијабетес Доколку се вистинити Вашите наводи за неквалитетни инсулини и недостаток на инсулини, клиниките и болниците низ Македонија ќе беа полни со пациенти со акутни дијабетични компликации. Но, тоа не само што не е случај, туку бројот на акутните дијабетични компликации во изминатите две-три години се намалува.

 За жал, очигледно е дека пациентите стануваат жртва во беспоштедната борба за освојување на вредниот инсулински пазар во Република Македонија.

дијабетес здруженија комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.