Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Kомисијата за правни прашања против кандидатурата на Трочањи за еврокомесар

0
By Нова ТВ on September 26, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 26, 2019 14:14

Мнозинството членови во комисијата за правни прашања гласаше против кандидатурата на унгарскиот кандидат за комесар, Ласло Трочањи, поради конфликт на интереси.

Комисијата гласаше и против романската кандидатка Рована Плумб.

Се очекува сега реакција на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејн.

Негативната одлука за овие двајца кандидати теоретски значи дека тие нема да можат да бидат сослушани од Европскиот Парламент и дека нови кандидати треба да бидат предложени од овие две земји. Но, бидејќи оваа процедура првпат се користи во ЕУ, нејасно е каква позиција ќе заземе претседателката Фон дер Лејн.

– Повеќе опции се можни сега, ние велиме дека има конфликт на интереси и дека ние не можеме да ги одобриме кандидатурите на овие двајца комесари, на претседателката на ЕК е да одлучи за идниот чекор, но од наша страна гласањето е многу јасно, изјави Манон Обри, членка на комисијата за правни работи.

Трочањи и Плумб имаат конфликти на интереси кои не им овозможува да бидат европски комесари. Ставот на комисијата е дека не може да им бидат доделени други портфолија и дека овие двајца кандидати не се способни да ја извршуваат онаа функција.

– Ова е преседан, првпат комисијата за правни прашања се изјаснува за конфликт на интереси на кандидати, би било интересно да се види како ќе реагираат претседателите на Европскиот Парламент и на Европската Комисија, затоа што ако утре ни кажат дека сепак ќе се одржат сослушувањата или дека тие имаат различно толкување, тоа ќе значи дека не се почитува јасниот став на нашата комисија, додаде Обри по состанокот.

Сомнежот за Ласло Трочањи е поврзан за договорите кои ги склучувала владата во која тој беше министер за правда со адвокатската фирма што ја засновал.

Трочањи не сакаше да одговара на новинарски прашање по неговиот состанок со членовите на парламентарната комисија, но издаде писмено соопштение, во кое обвинува за политичка одлука.

-На затворена седница, без пристап за јавноста, одговорив на сите прашања кои ми беа поставени на транспарентен начин, во склад со претходно поднесените документи. Во случајот за унгарскиот комесар, беше донесена политичка одлука во отсуство од било каква основа на факти и имам целосна намера да ги преземам сите правни чекори против неа, стои во реакцијата на Унгарецот.

Тој понатаму им се заблагодари на сите оние кои го поддржуваат да го преземе ова портфолио “од историска важност за Унгарија“.

Трочањи, поранешен министер за правда на Виктор Орбан, беше испрашуван писмено, а потоа усно денеска за потенцијален конфликт на интереси во врска со договори склучени помеѓу неговата адвокатска фирма и унгарската влада за време на неговиот министерски мандат.

Членката на комисијата за правни прашања, Манон Обри, по денешната седница, изјави дека не може за сега да ги обелоденува деталите за отфрлањето на кандидатурата на Трочањи, но порача дека за тоа има “солидна основа“.

Сослушувањето од страна на комисијата за правни прашања е новитет во процесот на назначување на еврокомесарите. Ова е прв пат да се користи овој “филтер“ пред официјалните сослушувања.

На неколку комесари им беа испратени писмени прашања околу можните конфликти на интереси, а од нив пратениците оценија дека Трочањи и Плумб треба да одговорат и на дополнителни прашања на седница на комисијата. Комисијата сега треба да го информира претседателството на Европскиот Парламент, кое треба да донесе одлука, по што претседателката на Европската Комисија ќе се произнесе.

-За сега тоа значи дека процедурата е суспендирана, но тоа не значи дека автоматски мора друг кандидат да биде предложен, зависно од тоа која опција ќе ја одбере Европскиот Парламент во координација со назначената претседателка на ЕК, изјави денеска Мина Андреева, портпаролка на Европската Комисија.

Европскиот Парламент сега треба да одлучи кое решение ќе се бара за овие два кандидати. Според процедуралните правила на Европарламентот, во случај на утврден конфликт на интереси, две опции се можни.

Едната е на кандидатот да му се поднесат препораки за решавање на конфликтот на интереси кој постои, на пример да се откаже од евентуалните финансиски интереси или да побара друго портфолио доколку конфликтот е поврзан со тоа. Во посериозни случаи, или во случај да не постои можност да се реши конфликтот на интереси, комисијата за правни работи заклучува дека кандидатот не е во можност да стапи на функција  и ќе бара од претседателката на Европската Комисија да се изјасни како планира да настапи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.