Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комитет за национални малцинства на Албанија: Ќе има и македонски јазик на повеќејазичната табла

0
By Ана Василевска on March 2, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комитетот за национални малцинства на Албанија позитивно одговори на барањето на македонското друштво „Илинден“ – Тирана за поставување повеќејазична табла пред оваа институција, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, потврди за МИА, претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

„Добивме позитивен одговор на нашето барање доставено до претседателката на Комитетот за национални малцинства, Константина Бежани, која во исто време за тоа ги информира и комесарот за заштита од дискриминација, Роберт Гајда и народната правобранителка Еринда Баланца, до кои исто така го доставивме барањето заради запознавање. Да потсетам дека баравме таблата пред институцијата да биде повеќејазична, односно освен на албански и англиски, името на институцијата да биде и на македонски и на јазиците на другите национални малцинства“, додаде Ѓурѓај.

Тој се заблагодарува на дадениот одговор од Комитетот и подготвеноста да постапи по теркот на комесарот за заштита од дискриминација и народниот правобранител, кои повеќејазични табли веќе има поставено пред институциите, исто така по барање на друштвото.

„Нашето друштво е регистрирано во судот во Тирана на 6 февруари 2009 година и неговата мисија е заштита на етничкиот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија. Во рамки на таа мисија е и последното барање, кое можеме да го оцениме како успех“, посочува Ѓурѓај.

Комитетот за национални малцинства е владин орган, во кој членуваат претставници на националните малцинства. Претседателката Бежани е претставник на грчкото малцинство, додека член на македонското национално малцинство во комитетот е Марјана Костофски.

Комитет за национални малцинства на Албанија македонски јазик Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.