Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комплетирано првото коло во ПМФЛ: Триумф во фотофиниш на Академија П.

0
By Нова ТВ on August 12, 2018 СПОРТ
Фото: facebook.com/fkakademijapandev
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со голот на Љупче Дориев во третата минута од судиското надополнување, Академија Пандев славеше над Македонија Ѓ.П. со 2:1 во мечот од првото коло во новата сезона во македонската Прва фудбалска лига. Првиот гол за „академците“ беше дело на Ѓорѓи Стоилов во 39. минута, единствениот за ѓорчепетровци го постигна Дејан Тантуровски во 49. минута.

Со пораз во новата сезона влезе и Беласица, екипа која по долги години се врати во прволигашката конкуренција. Победа „Под Тумбе кафе“ беше подобра од струмичани со 1:0 со погодокот на Американецот со нигериско потекло, Киријан Чиназорн во 70. минута.

Силекс и Шкупи го одиграа единствениот меч без победник (1:1) од трите во неделната програма. За кратовци погоди Камерунецот Парфаит Есенге во 34. минута, стрелец за чаирчани беше Баже Илијоски во 70. минута. Израмнувачкиот гол на гостите дојде по 11 минути од исклучувањето на Ермедин Адем.

Новата фудбалска сезона (27) во Македонија почна вчера попладне. Шкендија и Вардар, во дербито во Тетово, ги поделија бодовите (2:2). За шампионот, кој го очекува и реванш со Салцбург во квалификациите за ЛШ, реализираа Бесарт Ибраими во 54. минута и Бесмир Бојку во 73. минута, за радост на скопските „црвено-црни“ се погрижија Тигран Барсегјан во петтата минута и Горан Попов во 80. минута. Домашните од 63. минута играа со човек помалку на теренот поради црвениот картон  на Арменд Алими.

Најефикасниот меч во првото коло го одиграа Работнички и Ренова на „Филип Втори“ арена. Конечни 4:3 за гостите од Џепчиште. Противничката мрежа двапати ја „тресеше“ Влатко Стојановски во 48. минута и во 68. минута, по еднаш Даниел Божиновски го совладаа Албан Сулејмани во четвртата минута и Фатон Јусуфи во 11. минута.

Петар Петковски во 23. минута, Остоја Стјепановиќ во 55. минута од пенал и Александар Ристовски (автогол) во 86. минута погодија за Работнички.

Прва лига, 1 коло

Академија Пандев – Македонија Ѓ.П. 2:1

Победа – Беласица 1:0

Силекс – Шкупи 1:1

Шкендија – Вардар 2:2

Работнички – Ренова 3:4

Идно коло: Работнички – Силекс, Беласица – Академија Пандев, Македонија Ѓ.П. – Шкендија, Ренова – Вардар, Шкупи – Победа.

Академија Пандев Прва лига фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.