За вечерва е најавена концертна промоција на на еден од најомилените македонски бендови „Bei The Fish“.

Нивниот последен албум насловен „At The End Of The Sand“ е ново и храбро поглавје во нивната десетгодишна кариера.
Во новиот албум тие откриваат музички пространства кои досега не биле посетени и доловуваат интимни доживувања, но во исто време и глобална лирика.

Целиот нов албум и нивните најдобри песни од претходните плочи, публиката ќе има можност да ги слушне вечерва во МКЦ, со почеток од 22 часот.