Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кондовски:Мојата програма извира од потребите на граѓаните на Битола-рече кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата

0
By Mirjana on September 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почитувани битолчани и битолчанки, драги мои сограѓани,
Денес, на почеток од изборната кампања, сум исправен пред вас, со сиот свој
кредибилитет, желба и порив, заедно со носителот на советничката листа и
кандидатите за советници, подготвени, да го понудиме најдоброто за нашата Битола, и во кадровска и во програмска смисла.
Лично сум подготвен да го вложам најдоброто од себе, да го инспирирам најдоброто во сите нас – заедно, чекор по чекор, да го оствариме најдоброто за нашата Општина!

Битола ја замислувам како развиена и перспективна Општина во која вреди да се живее, да се работи и создава, тука да се основа семејство, да се твори и спокојно да се старее. Град полн со живот, чист и раздвижен, економски развиен, урбанистички современ, инфраструктурно обновен.
Битола во која спортот и рекреацијата се секому на дофат, а професионалните
спортски клубови – национална гордост. Град, привлечна туристичка дестинација, кој пулсира во духот на културата и забавата.
Тоа е мојата визија, тоа е нашата визија, а за истата е изработена досега најплодната локална изборна програма која извираше од реалните потреби на граѓаните и потребата за севкупен локален развој.
Денес ги претставувам и ви ги ветувам 10-те топ проекти кои ги отсликуваат контурите на визијата за поубава Битола. Истите се проследени со десетици други проекти содржани во програмата кои драстично ќе го подобрат животот во Битола.

Но, не само тоа – ви ја ветувам и целата моја енергичност, знаење, храброст и искуство, како и неколкукратно зголемување на општинската ефикасност и ефективност.
Оние кои добро ме познаваат, знаат – Тоа што ветувам – тоа го исполнувам! Кај мене зборот е збор!
Ви ветувам и се обврзувам на целосно ослободување на севкупниот општински
потенцијал преку изработка на нов ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, како услов за економски развој и просперитет на Битола.Пробивање на ПОДЗЕМНА СООБРАЌАЈНИЦА кај хотел „Епинал“ и изградба на ПОДЗЕМНА ГАРАЖА!

Битола ќе стане ВЕЛОГРАД преку изградба на ВЕЛОСИПЕДСКА МРЕЖА која ги поврзува сите големи улици протегајќи се кон Ниже Поле и Националниот парк Пелистер. Ќе извршиме модернизација и реконструкција на трите ГРАДСКИ СООБРАЌАЈНИ ВЛЕЗОВИ според сите безбедносни стандарди.
Ќе направиме реконструкција и изградба на локалната ИНДУСТРИСКА АРТЕРИЈА која ги опфаќа ул. „Индустриска“ и ул. „Индустриски пат“.
Ќе изградиме МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН СПОРТСКИ ЦЕНТАР во кој се предвидени
фудбалско, кошаркарско и тениско игралиште, затворен базен и аква парк, како и хотелски комплекс! Ветувам формирање на ТЕХНОЛОШКИ ПАРК кој ќе овозможи младите да ги реализираат своите бизнис идеи преку финансиска, кадровска и административна поддршка.
Проектот ЗЕЛЕНА БИТОЛА опфаќа развивање на зелените површини на ТУМБЕ КАФЕ, зголемување на зелените градски површини за 30% и изградба на нови детски паркови. СУБВЕНЦИИ за енергетски ефикасни фасади, велосипеди, плински уреди за возила, како и за набавка на хибридни или електрични возила.
ГАСИФИКАЦИЈА и ТОПЛИФИКАЦИЈА со кои ќе бидат опфатени првите индустриски капацитети и 35 јавни објекти.
Локалниот СКИ ЦЕНТАР НИЖЕ ПОЛЕ ќе добие современа опрема за заснежување и правење на вештачки снег, а ќе се заменат и трите СКИ ЛИФТОВИ со нови!
ЗООЛОШКА ГРАДИНА ќе добие просторно проширување, зголемување на
животинскиот фонд за 20%, активен истражувачки центар, работилници и ветеринарна
амбуланта.
Со овие, но и со многу други проекти, мерки и решенија заедно со носителот на
советничката листа и кандидатите за советници ќе го посетиме сечиј дом, ќе
разговараме со секого од вас.., барајќи ја вашата доверба, за токму тоа – НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА БИТОЛА!
Истовремено, на самиот изборен старт испраќам силна порака за фер и демократски изборен процес во пријателска атмосфера каква што ѝ доликува на Битола, на што и сам се обврзувам.

Битола градоначалник кандидат СДСМ Кондовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.