Екс градоначалникот на Општина Аеродром денеска испрати соопштение во кое ја демантира веста дека повторно ги вратил флешерите на општинското возило. Тој во соопштението вели дека веста е апсурдна бидејќи тие никогаш не биле отстранети за сега да може да ги врати.

„Возилото на Општина Аеродром и го додели Владата на РМ со вградени флешери и оттогаш МВР нема побарано тие да се отстранат. Вчерашното стопирање на возилото и изживување пред моето 7 годишно дете и пишување прекршочна пријава за флешерите на возилото е продолжување на притисоците што почнаа уште во предизборната кампања и очигледен показател какви луѓе се на чело на МВР и на државата, кои се занимаваат со маргинални теми наместо да се фатат со решавање на проблемите на граѓаните, за што земаат плата“, пишува во демантот на Коневски.

Екс градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски вчера заработи прекршочна пријава откако е запрен од сообраќајната полиција бидејќи на предниот дел од неговиот автомобил „БМВ“ имал поставено „флешери“ (црвено- сини).

Контролата е направена додека тој доаѓал на вчерашниот фудбалски натпревар на Градскиот стадион во Скопје.

Притоа флешерите му се извадени.