Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коневски: Не верувам дека во Аеродром ќе се градат кампови за бегалци

2
By Нова ТВ on August 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 24, 2017 15:32

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, денеска во изјава за НОВА ТВ рече дека не верува дека во општината ќе се градат кампови за мигранти. Тој вели дека сите информации на оваа тема која стигнале до него се шпекулации и засега немаат добиено никакво официјално барање.

„Јас не би знаел дали владата има или нема намера да гради кампови. Јас не верувам дека сега ќе се изгради такво нешто, а што понатаму ќе се прави со таа стратегија, тоа најдобро го знае Владата. Не сакам да навлегувам во стратегиите на владата на РМ, ниту на сегашната ниту на минатата. Ние сме локална самоуправа која остварува проекти за доброто на граѓаните. Ние како локална самоуправа и јас како градоначалник сме тука, за во случај да дојде до такво нешто, да се обидеме да го спречиме. Немам добиено барање за да отстапиме земјиште. Ние имаме само информација дека тука ќе се градат кампови за мигранти, но немаме ништо официјално. Тоа што имаме се базира на шпекулации“, рече Коневски.

Пред Трговскиот центар Бисер во оваа општина, граѓанската иницијатива „Будење“ вчера собираше потписи против наводната изградба на мигрантски кампови. На нашето прашање дали Марија Николовска, која даваше изјави за медиумите е вработена или на некој начин ангажирана во општината Коневски одговори дека не е.

Тој рече дека девојката која вчера даваше изјави за медиумите како организатор на собирањето потписи против мигрантски кампови не е вработена во општината, а ако има некој што ширел ксенофобија или пак говор на омраза, а е на некој начин поврзан со општинските надлежности, тоа ќе мора дополнително да се испита.

Според неофицијални информации на НОВА ТВ Николовска, е вработена како учителка во Основното училиште Љубен Лапе. Го прашавме Коневски, дали смета дека е етички, учителка која образова мали деца да шири ксенофобија, градоначалникот ни рече додека не види докази дека такво нешто се случило, не сака да навлегува и да коментира околу конкретната ситуација.

Екипата на НОВА ТВ вчера беше нападната додека снимаше анкета со граѓаните кои се потпишуваа на петицијата.  Министерството за внатрешни работи, денеска информираште дека СВР Скопје веќе го идентификувал напаѓачот на екипата на НОВА.

Станува збор за А.Б. (38) од Скопје којшто најпрво ја нападна нашата новинарка на терен како што заведува МВР (со насилно однесување, туркање на телефонот и со влечење и виткање на раката) а потоа и снимателот на НОВА, (со удар во камерата со која снимал), додека тие беа на службена задача –  покривање на настан на граѓанската иницијатива за собирање на потписи против изградба на бегалски кампови.

„По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, а во врска со основано сомнение за сторено кривично дело – „насилство“, соопшти МВР.

бегалци Ивица Коневски Марија Николовска мигрантски кампови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.