Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конкурс за избор на најеколошка општина за 2020 година

0
By НОВА ТВ on May 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 21, 2021 09:06

Компанијата за собирање и управување со амбалажен отпад Пакомак, во соработка со Шпаркасе банка, а во организација на Балкан Еко Институт, организира конкурс за избор на најеколошка општина за 2020 година. Пријавувањето за конкурсот е веќе започнато, а општините можат да ја испратат нивната апликација на веб страната на Пакомак.

Право на учество во конкурсот за најеколошка општина имаат сите општини во земјава (урбани и рурални) кои ќе ја приложат еколошко-општествена работа реализирана во текот на изминатата 2020 година. Општините што сакаат да ја понесат титулата Најеколошка општина можат да се пријават со пополнување на апликацијата која e објавена на веб-страницата www.pakomak.com.mk.

Финалниот избор за најеколошка општина ќе биде направен според успешноста во реализацијата на претходно одредените критериуми кои ги пропиша Пакомак.  Дел од критероумите се количини на собран селектиран отпад од пакување, од домаќинствата, деловните субјекти и училиштата. Во предвид се зема секој отпад што претставува секундарна суровина (пластика, хартија, стакло, лименки, метал, електронски и електричен отпад….), број на нови контејнери за селекција на отпад поставени на јавните површини, во општината одделно за период 01-12.2020 година и дополнително број на контејнери за селекција на отпад поставени на јавните површини пред овој период, како и број еко-кафулиња и ресторани во општината кои селектираат стаклена амбалажа како отпад од пакување и количините на собрана стаклена амбалажа како отпад од пакување од истите објекти.

Во критериумите спаѓаат и висината на средства во општинскиот буџет, предвидени за екологија за 2020. и висината на средства потрошени на проекти од животна средина од општинскиот буџет, реализираните еколошки проекти во тековната година поврзани со отпадот и неговиот третман во вашата општина, во сите други области, заштита на водите, воздухот и почвата, број на новозасадени дрвја во општината, уредени зелени површини во општината. Јавните кампањи кои ги спроведува општината за зајакнување на јавната свест за значењето на селекцијата на отпадот и други прашања од заштитата на животната средина, еколошките акции за чистење на диви депонии во општината во тековната година, како и редовните инспекциски контроли и исполнување на потребните  услови за работа на големите загадувачи на територијата на општината, се исто така во критериумите за избор.

Општината која по гласањето на жири-комисијата ќе биде избрана како Најеколошка општина за 2020 година, Пакомак ќе ја награди со изградба на детско игралиште направено од еколошки материјали.

Рокот за испраќање на пријава за учество е до 31 август 2021. Пријавата треба да се достави во електронска форма на е-адреса: i.brdaroski@pakomak.com.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.