Претседателот на парламентот, Талат Џафери, денеска ги констираше оставките на членовите на Државната изборна комисија, чиј мандат предвремено престана поради нивно лично барање.

Инаку, тие се повлекоа откако амбсадорот на САД во земјава, Џес Бејли, обелодени дека на тајна седница донеле одлука да си доделат бонуси во износ од неколку месечн плати заради прекувремена работа за време на изборниот процес.

Иако тврдеа дека одлуката ја донеле законски и дека не жалат за неа бидејќи ги заслужувале овие пари, сепак, на крајот под притисок на јавноста мораа да си поднесат оставка.

Според процедурата, по констатирањето на оставките ќе се бираат нови членови на комисијата.

Во рок од три дена Талат Џафери ќе треба да ги извести партиите да предложат нови членови, а доколку тие не дадат свој предлог, членовите ги предлага собраниската комисија за прашања на избори и именувањата.

Новите членови треба да бидат изгласани со двотретинско мнозинство.