Драч:Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотел во Драч, сопственост на поранешен градоначалник предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа. Притоа, избегнати се сериозни последици откако единицата за противексплозивно дејствување извршила контролирана експлозија.
Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, поставувајќи периметар и евакуирајќи ги жителите и туристите од блиските објекти, по што е извршена контролираната експлозија. За среќа, поврдени нема, а полицијата продолжува да води истрага за да ги откриесторителите и мотивите заа овој настан.