Српската секција на меѓународната федерација на филмските критичари „Fipresci“ му доделија четири награди на контроверзниот српски филм „Клип“ и го прогласија за најдобар филм во Србија во 2012 година. Режисерката Маја Милош доби награда за најдобра режија, актерката Исидора Симијоновиќ за најдобра женска улога и на Стеван Филиповиќ за монтажа.

-Ова навистина не го очекувавме, мора да признаам дека ние сите како дебитанти, целата енергија ја потрошивме филмот да го направиме колку што може подобро. Не размислувавме што ќе се случи по премиерата, така што оваа награда ни е изненадување, но и голема чест.“, изјави синоќа режисерката Милош.

Филмот „Клип“ премиерно беше прикажан минатата година на фестивалот во Ротердам и освои една од главните награди. Оттогаш имаше бурен фестивалски живот со голем број награди, но беше и забранет за прикажување во Москва, заради наводно „порнографските снимки“.