Концертот се организира од страна на Францускиот институт во Скопје во рамките на одбележувањето на Франкофонијата во Македонија.

Веќе 20 години, Фолтин е на врвот на македонската арт сцена. Групата има одржано бројни концерти во регионов и надвор, а има издадено и 8 успешни албуми.

Фолтин е една од најпознатите македонски групи чијшто начин на музицирање, честопати квалификуван како надреален, создава интензивен и срдечен амбиент, а нивните настапи се претвораат во вистински перформанси.

Музичкиот јазик на Фолтин е замислена фонетска мешавина на неколку јазици, меѓу кои шпанскиот, португалскиот, романскиот и особено францускиот јазик.

Концертна програма: познати француски шансони во модерен и оригинален аранжман и песни од нивните албуми.