Во Филхармонија вечер ќе се одржи новогодишен концерт на Здружението на џез музичари (ЗЏМ) биг бенд и американскиот џез тромбонист по потекло од Костарика, Луис Бонила.

Џез тромбонистот Луис Бонила е повеќекратен добитник на Греми награди, продуцент, композитор, аранжер и професор.

Низ плодната кариера на бројни изданија остварува соработки со некои од најголемите имиња во
историјата на џезот – Вангард џез оркестра, Мингус биг бенд, Мекој Тајнер, Дизи Гилеспи,
Лестер Боуви, Том Харел, Фреди Хабард, Аструд Гилберто, Вили Колон и Тошико Акијоши.

Извор: МИА