Published: Saturday, January 23, 2016 09:58
Влијателни членови на конзервативната струја во САД остро ја критикуваа кандидатурата за претседателски кандидат на Доналд Трамп, сметајќи дека неговите испади ќе им ги уништат шансите на републиканците да ја освојат Белата куќа.
Влијателното списание меѓу конзервативците Нешенал Ривју на насловната страница објави наслов „Против Трамп“, а во уводникот пишува дека „Трамп е политички опортунист без филозофско уверување, кој би се одрекол од идеолошкиот консензус на републиканската партија во корист на популизмот“.
Во списанието уште се објавени 22 есеи против милијардерот, чии автори се истакнати конзервативци кои секој на својо начин го критикува актуелниот фаворит за републиканските избори на претседателски кандидат.




