Германските конзервативци предводени од лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и најверојатно следен канцелар Фридрих Мерц, денеска постигнаа договор со централно-левичарските Социјалдемократи (СПД) за формирање нова влада,.
Конзервативната алијанса ЦДУ / ЦСУ победи на сојузните избори на 26 февруари, а претходната влада ја предводеше социјалдемократот Олаф Шолц.
Успех на изборите постигна и крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД), но конзервативците ја отфрлија можноста за коалицирање со таа партија.