Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кооперација: Гостување на Алмут Рембгес

0
By Нова ТВ on November 3, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 3, 2013 21:33

Уметничката група Кооперација, најавува говор на Алмут Рембгес, со дискусија- bblackboxx – Уметноста како еманципаторска практика против граничните политики ( Презентацијата ќе биде на англиски јазик)

Настанот се одржува во кафе „Пабло“, бул. „8 септември“, бр.8, влез 2, локал 6, Скопје, на 05. 11. 2013, вторник / 19:00 ч.

„bblackboxx е независен уметнички простор на швајцарската граница, во соседството на казнен комплекс, каде што се чуваат 300 баратели на азил, а понекогаш и се депортираат. Уште од 2007 година цела една мрежа од уметници и теоретичари околу bblackboxx, разви програма од уметнички дејствија и теоретска работа, која се спротиставува на засилените ксенофобични и супресивни миграциони политики на земјата“.

Иницијаторот Алмут Рембгес ќе зборува за специфичните еманципаторни практики на bblackboxx, како контра-модел против еден контекст, кој инаку е дефиниран преку контрола и милосрдие.

Повеќе информации: www.bblackboxx.ch

Алмут Рембгес е концептуална уметница и активистка од Швајцарија. Во нејзините дваесетти години почнала да студираа бизнис економија. Престанала еден ден, кога морала да слуша еден професор кој објаснил зошто на капитализмот му се потреби сиромашните. Тогаш се префрлила на Уметничка теорија на универзитетот во Базел, каде во 2003 година ја работела магистерската. По краток период како музејски водич, станала асистент за различни независни театарски групи во Швајцарија и Германија, каде што научила за практиките на документарен перформанс.

Во 2007 година почнала да го води “bblackboxx”, неформален простор на отворено, на швајцарско-германската граница каде што соработува со уметници и теоретичари, кои се ангажирани во критичкиот дискурс за европската погранична политика. Просторот е споделен од страна и на граѓаните на Базел и од лица баратели на азил (луѓе без статус на граѓани), кои живеат во прифатниот камп во близина.

Заедно тие имаат изградено отворена колаборативна мрежа која има реализирано повеќе од 60 уметнички проекти на самото место. Поголемиот дел од проектите ги третираат прашањата на само-зајакнување, самоорганизирање и анти-расистички активности. Рембгес ја сумира работата на bblackboxx мрежата како тековни контра-перформанси против угнетувањето и изолација на оние кои немаат статус на граѓани во земјата. Тоа е, исто така, само-образовна академија без граници, која е отворена за секој, кој е заинтересиран за стекнување независни знаења за последиците од тековната миграциона политиката во Шенген зоната.

Од 2010 година, Рембгес го префрла практиките на bblackboxx и на други места, на пример во Градската галерија во Берн и во Музејот на културите во Базел. Од време на време, таа е гостувачки професор на универзитетите и уметничките академии во Швајцарија.

Овој настан на КООПЕРАЦИЈА е реализиран како резултат на соработката која Алмут Рембгес ја оствари при нејзиниот едномесечен престој во “artist in residence” програмата поддржана од Pro Helvetia и реализирана во соработка со фестивалот CULTURESCAPES, „Факултет за работи што не се учат“, АКТО фествалот за современа уметност и Центар за Култура – Битола.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.