Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Координатори на пратенички групи: Предлог-законот за заштитна безбедносна зона околу Собранието е за заштита од градење на приватни субјекти, а не за забрана на протести

0
By Marija Todorovska on June 3, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: ЦивилМедиа
Фото: ЦивилМедиа
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 3, 2025 13:17

Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Европски фронт денеска во изјава за медиумите истакнаа дека целта на Предлог на законот за прогласување на просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона има за цел да спречи приватни субјекти да градат приватни објекти блиску законодавниот дом, а не, како што посочија, за забрана на протести на граѓаните.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески нагласи дека целта на законското решение е начин за да се обележи целиот простор кој што треба да постои околу Собранието, кој што Собранието треба да го има во своја сопственост за да може сам да ги реализира проектите кои се предвидени таму.

Апсолутно не. Свесни сте и вие дека во Собранието требаше согласно некои претходни постапки да се изгради приватен објект до самото Собрание и од таа причина се бараше катна гаража и од таа причина се бараше решение да се изнајде за надминување на тој проблем, односно просторот околу Собранието да остане само на Собранието. Зошто е даден насловот безбедносна зона на Собранието? Очигледно тоа е начинот за да се обележи целиот простор кој што треба да постои околу Собранието, кој што Собранието треба да го има во своја сопственост за да може сам да ги реализира проектите кои се предвидени таму, односно потенцијална катна гаража за Собранието без дополнителни некои приватни стопански објекти кои би се нашле на самиот објект. Ова е закон врз кој што е работено подолг временски период во којшто во работната група беа вклучени повеќе институции почнувајќи од Народен правобранител, Град Скопје, собраниските служби, Министерството за транспорт и врски, членови на Владата на кој сите заедно работеа по драфт верзијата.  Сите како координатори на пратенички групи во Собранието консензуално го потпишуваме ова законско решение за да се надмине само тој проблем, рече Мицески.

Мицески нагласи дека не се забрануваат протестите туку  како што рече, само се ограничуваат крајните коти на Собранието, а тоа е почетокот на булевар “11 Октомври” до Статистика, односно просторот што ќе припадне во сопственост на Собранието со кое ќе може да располага и да прави активности во склоп на него, а не приватни субјекти.

И координаторот на СДСМ, Оливер Спасовски истакна дека целта е да се заштити просторот околу Собрание за да не може некој приватен субјект да изгради било каков приватен објект на 2,5 метри до Собранието.

Низ временски период тоа не е воопшто итна постапка. Во 2009 година тогашната Влада на ВМРО- ДПМНЕ продаде државно земјиште на 2,5 метри од Собрание на приватна фирма за да гради катна гаража и се водеа судски постапки. Вие сте сведоци дека со денот на конституирање на овој законодавен состав веќе започнаа со оградување на просторот за да се гради катната гаража и тоа апсолутно не може во ниту една нормална држава на 2,5 метри со Собрание да имате приватен сопственик на катна гаража коешто ќе се гради до објекти кои се од витални и национални интереси. Токму заради тоа, ова прашање се покрена веднаш по конституирање на Собранието и сега законското решение е готово. Тоа значи дека оваа зона се заштитува за да не може да биде понатаму злоупотребена. Може да му текне утре на било кој друг министер, градоначалник да продава дел од имот кој е имот на граѓаните и кој имот треба да им служи на институциите. Ова заштитена зона го решава тој проблем, да не може да се гради било каков објект ниту сега ниту понатаму освен за потребите на македонското собрание, рече Спасовски.

Блерим Беџети, пратеник на “Европскиот фронт” нагласи дека не е идејата да се ограничуваат протестите. Посочи дека заеднички се договориле заради сосема други цели.

Во Собранието на денешната 51. Седница како 14 точка е ставен Предлог на закон за прогласување на Просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона, со кој ќе се прогласи просторот околу законодавниот дом за безбедносна зона. Како автор на предлогот, кој се разгледува во скратена постапка, е потпишан лично претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со колегата од „Вреди“, Беким Ќоку. Покрај нив двајца, овој предлог е поддржан и од претставници на сите други пратенички групи: Блерим Беџети, Борислав Крмов, Весна Бендевска, Никола Мицевски и Оливер Спасовски.

безбедносна зона Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.