Published: Saturday, January 2, 2016 11:01
Два милиона луѓе ја дочекале Новата година на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, кои зад себе оставиле 315 тони ѓубре.
Градската комунална компанија соопшти дека морала да ангажира 1.165 работници кои цел ден го собирале и го товареле она што останало по новогодишната прослава на 6 километарската плажа. Целта било сметото да се расчисти што побро, бидејќи дневните температири се искачуваат и до 40 степени, а во овој период од годината во градот има голем број туристи.
Градските власти сооптија дека годинава за обезбедување на прославата биле ангажиран рекорден број полицајци – 2.215, но сепак биле пријавени над 200 кражби.




