Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни резултати за „ѕидот од дронови“ и за „замрзнатите руски средства“.
По еднодневниот самит во данската престолнина, европските челници не постигнаа договор за изградба на „ѕид од дронови“, ниту се договорија за „активирање на замрзнатите руски средства“ кои остануваат недостапни додека Белгија и други држави не добијат правни гаранции за нивна пренамена во заем за Украина.