Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коронавирус: Со тестови против тајната на бројот R

0
By Нова ТВ on March 27, 2020 СВЕТ
Фото: goodshepherdcommunities.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според досегашните искуства од светот, репродукцискиот број на заразени (R) за Ковид-19 изнесува 2,4 и сите мерки се насочени за негово намaлување. Земјите во регионот водат битка со коронвирусот во обид да го забават и спречат неговото ширење. Еден од темелните параметри со кои се следи неговото ширење e т.н. репродукциски број (R), кој го означува просечниот број на здрави лица што еден заболен ќе ги зарази за време на неговата инфективност. Според досегашните искуства, R за Ковид-19 изнесува 2,4. Со мерките за ограничување на движењето, самоизолација и карантин, се води битка репродукцискиот број на заразени да се намали.

Фактот дека едно заболено лице досега можело да го пренесе вирусот на повеќе од две лица, создава главоболки за сите здравствени системи кои би можеле да се соочат со предизвици кои го надминуваат нивниот здравствен капацитет, како што веќе се случува во Италија и во Шпанија. Во Бугарија се прогнозира дека ако до пред една недела имало 30 хоспитализирани (дел се лекуваат во домашни услови), во време на пикот може да се стигне до бројка од 4.000 лица за кои ќе биде неопходна исклучиво хоспитализација.

Бидејќи репродукцискиот број на епидемијата зависи од три параметри – траењето на инфективноста кај заболениот, процентот на неимуни здрави лица во популацијата и патиштата за пренесување на болеста, фокусот на сите мерки е насочен на тој план. Најпроблематично е детектирањето на лица заразени од короновирус кои не развиле симптпоми. Тие ја сочинуваат непознатата сива бројка која му задава главоболки на секој здравствен систем, бидејќи тоа се лицата кои го пренесуваат вирусот без да бидат свесни за тоа. Асимптоматски случи има и во нашата земја. Таков е примерот со петте лица, поврзани со поранешната директорка на Клиника за кожни болести, кои по 16 дена поминати во изолација немаат никакви симтоми, но на направените контролни тестови имале позитивен резултат. Предноста е што тие беа во изолоција, а и во наредниот период ќе останат под истиот третман.

Клучно е тестирањето

Но, што со неоткриените носители на вирусот кои не развиле симптоми и не се во изолација? – Бидејќи не се свесни за состојбата, тие се во комуникација со членови од нивното најтесно семејство, влегуваат во продавници, аптеки, банки, одат на работа, кај матичен лекар, итн. Со еден збор, тие се „темпирана бомба“ за околината. Решението за овој непознат податок во равенката, се бара во што помасовно тестирање. Во Србија, како што најави премиерката Ана Брнабиќ, се подготвуваат за воспоставување поефикасен систем за што поголем број тестирања. По синоќешната втора пратка на помош од Кина, покрај 500.000 медицински ракавици за еднократна употреба, 100.000 заштитни и 30.000 медицински изолациски маски, Србија доби и 25.000 тест реагенси.

Се опремува и Бугарија, која според премиерот Бојко Борисов, нарачала еден милион тестови.

„Во моментов ниту една држава во Европа го нема неопходното количество тестови“, изјави Борисов, нагласувајќи дека ќе дојде време кога ќе мора да се тестираат и по 20.000 до 30.000 лица на ден.

Но, додека стигне големата нарачка, соседна Бугарија ќе спроведе т.н. брзи тестови. На околу 1.000 такви тестирања ќе бидат подложени полицајци и возачи во градскиот транспорт.

„Тоа се крвни тестови кои за 10 минути даваат информација дали лицето е заболено и дали има антитела. Од тие 1.000 тестирани лица ќе разбереме каков е примерокот на заразените. Најмногу ќе се тестираат полицајци на контролните пунктови, бидејќи тие се изложени на можна контаминација во текот на целиот ден. По еден месец ќе направиме ново тестирање и ќе откриеме колку е зголемен бројот на заразените, колку се излекувале, па статистиката ќе ни покаже за колку време ќе дојде врвот на инфекцијата“, изјави Борисов, но не отфрли и сомнеж во сигурноста на тестовите.

„Треба да одговориме на неколку прашања: Има ли лек? – Нема. Има ли вакцина? – Нема. Има ли сигурен тест? – Нема“, рече бугарскиот премиер.

Скопје чека тестови и реагенси за тестирање

Во потрега по опрема и тестови е и нашата земја. Министерот за здравство, Венко Филипче вчера информираше дека во текот на следната недела како донација треба да пристигнат 500.000 маски и 20.000 тестови, како и реагенси за тестирање на вирусот.

„Имав состанок со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнс, на којашто и се заблагодарив за поддршката што во изминатиот период ја даваа за осовременување на лабораторијата во Институтот за јавно здравје и сега таа е централна институција во нашата земја, во којашто се вршат тестирања, многу значајни во овој момент за државава. Добивме одговор и од повеќе донатори преку норвешката влада за респираторни машини, кои ги очекуваме во нашата земја во почетокот на април. Во текот на следната недела како донација треба да пристигнат и 500.000 маски и 20.000 тестови-реагенси за тестирање на вирусот“, рече министерот за здравство.

Тој најави дека во тек е и онлајн тренингот на здравствени работници со помош на „Brown“ Универзитетот од САД. Во него се вклучени се 20 доктори, 20 медицински сестри, кои се обучуваат да бидат тренери за искуствата во однос на лекувањето на пациенти заболени од Ковид-19 од секој аспект: прием, тријажа, проценка, пристап. Тие луѓе ќе бидат обучени потоа да го пренесат знаењето и на нивните колеги во земјава.

Едукацијата на здравствениот кадар, но и зачувувањето на неговата здравствена и работна кондиција, во моментот се од примарна важност. За тоа колку може да страда здравствениот капцитет, говори и податокот дека во Хрватска во самоизлоција се 495 здравствени работници од кои дури 223 лекари и медицински сестри потекнуваат од една загрепска болница.

Коронавирус Репродукција тестови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.