Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коронавирусот уби повеќе њујорчани од нападите на 11 септември

0
By Нова ТВ on April 8, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на жртвите од ковид-19 во Њујорк се искачи на 3,200, надминувајќи го бројот на убиени во терористичките напади од 11 септември во 2001 година. Бројот на заразени расте низ светот, но надежите се дека пикот е блиску.

Драматичните бројки од Њујорк доаѓаат во момент кога кризата со коронавирусот се намалува или, во најмала рака, се стабилизира во САД и во Европа, иако властите ги предупредуваат граѓаните да не се опуштаат.

Во Њујорк денеска бројот на жртви достигна 3,202 лица откако во последните 24 часа беа регистрирани нови 731 жртви. Во терористичкиот напад на 11 септември 2001 година загинаа 2,753 граѓани. Севкупно во САД од ковид-19 досега настрадаа 12.000 луѓе, а заразени се 380.000.

Сепак, гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо смета дека е охрабрувачки тоа што бројот на новопримените пациенти во болниците и бројот на оние кои мораат да бидат ставени на респиратор опаѓа, што укажува дека мерките за социјално дистанцирање даваат резултат. Освен во градот Њујорк, состојбата е најтешка во Детроит, во Њу Орлеанс и во Њу Џерси.

Вухан излезе од карантин

Во Велика Британија, каде заболениот премиер Борис Џонсон и натаму е на интензивна нега, бројот на жртвите достигна 6,200 луѓе.

По 76 дена, Кина конечно го прекина карантинот во Вухан, 11 милионски град каде започна пандемијата. Жителите на Вухан сега смеат да го напуштаат градот, но притоа мора да користат апликација за мобилен телефон која покажува дека се здрави и дека немале контакт со заразено лице. Кина денеска соопшти дека нема ниту еден новозаразен со коронавирус, иако некои експерти за јавно здравје се сомневаат во тој податок.

Во Јапонија премиерот Шинзо Абе прогласи едномесечна вонредна состојба во Токио и во шест други провинции поради растот на бројот на заразени.

Во некои критични точки во Европа, како и во Њујорк, надлежните гледаат сигнали на спласнување на епидемијата поради намалениот број на смртни случаи и хоспитализации.

Пикот е блиску?

Во Шпанија беа пријавени нови 743 жртви, а бројот на заразени се искачи за 5,400 луѓе, но надлежните сметаат дека наглиот раст е резултат на доцнењето на податоците од викендот. Тие се уверени дека кривата на заразата оди надолу.

Во Италија, најтешко погодената земја во светот со над 16,500 жртви, властите апелираа до граѓаните да не се опуштаат во пресрет на велигденските празнувања, иако бројот на новозаразените веќе повеќе денови опаѓа.

Во Франција, бројот на жртвите ја надмина границата од 10 илјади, но и таму надлежните сметаат дека пикот е блиску.

„Се наоѓаме во фаза на раст на епидемијата. Сè уште не сме го достигнале пикот“, изјави Жером Саломон, националниот директор за здравство.

Но, според него вирусот забавува. За да се засили социјалното дистанцирање, Париз забрани и џогирање.

Ширум светот 1,4 милиони луѓе се заразени, а бројот на жртви достигна 79.000. Вистинските бројки веројатно се далеку повисоки поради ограниченото тестирање, различните правила на броење и намерното пониско пријавување на случаи од некои влади. Околу 300.000 луѓе досега се излечиле од вирусот.

Втора светска војна Европа Коронавирус Њујорк САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.