НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коронавирус во Италија: По кризата следи прашањето – кој е виновен?

0
By Нова ТВ on June 23, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ова сè беше полно со мртовечки ковчези, 132 еден до друг!“, отец Марио Бергамели ги шири рацете и покажува во капелата. Претходно на телефон звучеше уморно, сега 66 годишниот е полн со енергија. Има многу за раскажување и малку време. Во неговата капела сега пак има клупи, иако повеќето места се блокирани и има знаци за предупредување. Веројатно не се потребни таквите мерки. Многу верници уште немаат храброст да одат в црква. Димензиите на корона-кризата во регионот се гледаат кога ќе прошетате по гробиштата во Бергамо. Семејни гробници и мавзолеи од двете страни на патеката од камчиња. Недалеку од влезот еден ареал посебно боди очи. Повеќе од 100 обични гробови, средени набрзина и со дрвени плочи одделени еден од друг. Повеќето немаат надгробна плоча, туку само ламинирана белешка со името. „Тоа се гробовите на мртвите од корона“, вели Бергамели за „Дојче Веле“

Крематориумите во регионот преоптоварени

Од 34.000 луѓе кои до сега починаа од Ковид-19 во целата земја, над 16.000 се од Ломбардија. Во Бергамо речиси и да нема човек кој не загубил свој близок или не познава некој кој бил заразен од вирусот. И отец Бергамели е скршен од ситуацијата. Откако на 9 март беше нареден целосен карантин, тој беше сведок на редица мртовечки сандаци кои пристигнуваа во малата капела. Крематориумот на гробиштата не можеше да постигне. Војската секоја недела преземаше од 50 до 60 ковчези и ги носеше во крематориумите во Фиренца, во Болоња и во Ферара, раскажува тој. И покрај тоа, бројот на ковчези во капелата секојдневно се зголемувал. На почетокот одржувал миси во спомен на починатите. Во одреден момент повеќе немал сила за тоа.

„Се плашев да бидам во иста просторија со починатите од коронавирус. По десетина дена почна да мириса, не само на боровите и дрвјата на гробиштата“ вели тој.

Во меѓувреме секој ден не се ископуваат нови гробови. Градот се обидува да се навикне на новата реалност – еден град кој е очигледно променет од кризата. Носење заштитни маски е задолжително во цело Бергамо – на улица, па дури и доколку се возите со некого во автомобил. Кафетериите и рестораните се повторно отворени, со посебни хигиенски мерки. Менијата се отстрануваат по секоја употреба, а на многу места на гостите уште пред да седнат им се мери температура.

Кој е одговорен за кризата?

И покрај тоа што многумина си посакуваат да се вратат на стариот начин на живот, има и такви кои не можат така едноставно да продолжат. Еден од нив е Стефано Фуско. Овој млад човек заедно со татко му ја основаше организацијата „Noi Denunceremo” (Ќе тужиме). Оваа група бара одговори зошто во нивниот регион мораше да починат толку многу луѓе.

На Стефано му почина дедо му. Во февруари, 85 годишниот човек по лесен мозочен удар бил хоспитализиран. За време на рехабилитацијата кренал температура и почнал да кашла. Тестот за коронавирусот му бил е позитивен – починал само неколку дена подоцна. Ситуацијата беше посебно драматична за баба му, раскажува Фуско. Веста морале да ѝ ја соопштат по телефон, а старата жена морала сама да ја поминува низ болката оти била затворена во карантин.

Фото: dw.com

Неколку дена по смртта на дедо му, Стефано и татко му ја основаа групата „Noi Denunceremo“. Преку овој Фејсбук профил сакаат да им помогнат на луѓето кои седеа дома и мораа сами да се справуваат со својата тага. Во меѓувреме оваа група има над 60.000 членови. Поголемиот дел од приказните се многу слични, вели Стефано Фуско.

„Многу луѓе починаа дома сами, многумина не биле примени во болница додека ситуацијата не им била екстремно влошена. Веројатно можеле да бидат спасени ако им се помогнело порано“, вели Фуско.

Јавното обвинителство во Бергамо во меѓувреме започна истрага што ја поддржува и „Noi Denunceremo“. Фуско одговорноста ја гледа кај регионалната влада. Тие реагирале премногу колебливо и на пример, не наредиле целосен карантин на областите Алзано Ломбардо и Нембро, двете општини во Бергамо кои станаа главен извор на инфекцијата во Италија.

Претставникот на Лега под притисок

Шефот на регионалната влада во Ломбардија, Атило Фонтана, не се смета за одговорен. Неговото седиште е во висококатница во центарот на Милано. Од кровната тераса на 38. кат се гледа подалеку од границите на најважната економска метропола на Италија. Профитот му бил поважен од заштитата на населението. Така гласи вообичаеното обвинување. Политичарот од Лега ги отфрла ваквите тврдења. Од почетокот на март се залагал за карантин во погодените подрачја, но владата во Рим одби да го стори тоа.

„Сметам дека навистина се обидовме да ги дадеме сите одговори и да ги преземеме сите мерки во оваа навистина вонредна ситуација, во која не се знаеше многу за вирусот“, изјави Фонтана.

Во обиколката на гробиштата во Бергамо, отецот Бергамели стаса до крематориумот. Објектот сега е тивок и не се гледа ништо од прекумерната активност од изминатите месеци. Тој зборува за болката на роднините и неизвесноста која сè уште ги погодува многумина овде во Бергамо. Но, вели, сепак, полека се враќа стариот живот. Состојбата се смирува. Потоа се поздравува со нас, минувајќи ги боровите покрај патеката која води кон неговата капела. Пред зградата повторно чека една мртовечка кола.

Бергамо Италија Ковид-19 одговорност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.