Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кос: Првпат во историјата на Европа, доколку правилно работиме, можеме да ја обединиме

0
By Marija Todorovska on July 1, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првпат во историјата на Европа, доколку правилно работиме, со процесот на проширување можеме да ја обединиме Европа. Европа не може да биде обединета без Западниот Балкан, им порача еврокомесарката за проширување, Марта Кос на лидерите на земјите од Западен Балкан денеска во Скопје.

Таа истакна дека за Европската унија значаен е проектот за градење на независна Европа, Европа во која граѓаните одлучуваат за нивната иднина. Но, какошто рече Кос за да се реализира ова треба да се зајакне конкурентноста, да се брани демократијата од надворешни непријатели, во свои раце да се земе безбедноста на континентот  и последните чекори се унификација на Европа, а тоа значи зголемување, проширување врз основа на заеднички вредности и принципи.

Првпат во историјата на Европа, доколку правилно работиме, со процесот на проширување можеме да ја обединиме Европа. Европа не може да биде обединета без Западниот Балкан. Слушам слични мислиња во Копенхаген, Данска која го презема претседателството денеска, и во Берлин, во Варшава и во Париз и го подвлекувам ова, затоа што сакам бидам јасна дека има јасен консензус за дополнително и итно проширување, сега. Не беше така во минатото, но имате шанса, што морате да ја искористите, нема да трае секогаш и гледаме значаен прогрес, рече Кос на лидерска средба ЕУ-Западен Балкан за развојниот план што се одржува под мотото „Стабилност, заедништво, иднина“.

Таа го истакна напредокот на Албанија, Црна Гора, Босна Херцеговани и Србија. Посочи дека  Албанија отвори три кластери, во последните шест месеци, со што какошто рече „придонесовте на успехот на процесот на проширување“.

Доколку продолжиме вака ќе можеме да ги отвориме сите кластери годинава и какошто ви кажав вчера едвај чекам да го прославиме отварањето на кластерите. Црна Гора во петокот затвори уште едно поглавје и во Босна и Херцеговина реформската агенда се усвои и чекаме да се формира нова Влада. Господине, Курти вие навистина вложивте многу енергија во процесот на пристапување и веќе продолжуваме напред во Србија. Се надевам дека ќе можеме да одиме понатаму. Но, ова е процесот на проширување. Сега сме тука за Планот за раст, драг Христијан ви кажав дека сме успешни и се разнежувам кога зборувам за Западен Балкан, затоа што регионот ми е многу драг, рече Кос во своето обраќање.

Еврокомесарката за проширување, додаде дека сака да помогне за да се премине преку целта.

Знам дека клучните реформи, коишто ги бараме од вас не се едноставни. Тие задираат во закоравени структури на интереси, на моќ и на многу начини бараат длабока општествена темелна трансформација и потребно е лидерите да ја водат оваа промена. Клучните реформи што ги бараме не се едноставни, порача Кос.

Таа во своето воведно обраќање изрази и сочувство за настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“

Многу млади животи беа загубени, а многу други беа повредени, а некои се уште се лекуваат по болниците. Често пати мислам за жртвите и за повредните и за тоа како ништо не е поважно од семејството и од заедницата. Добро е да се знае дека во овие тешки моменти, други Европејци, европската заедница можат да дадат помош и механизмот на Европа веднаш координираше испраќање на  повредените, кои беа лекувани во болници во Шведска, Шпанија, Литванија, но вашите соседи беа тие, Србија, Грција и Бугарија, коишто први одговорија и згрижија многу од повредените. Европа покажува солидарност за секого, рече Кос.

Западен Балкан Марта Кос Самит Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.