Естонија и Косово ќе бидат ривали на најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија во групата Ц во претквалификациите за Светското првенство во Кина во 2019 година. Натпреварите се закажани во периодот од 2 до 17 август на лето, ќе се играат по принципот „дома-гости“ и најдобрите две селекции од секоја од четирите групи ќе обезбедат учеството во главниот квалификациски циклус (ќе започне во ноември во 2017 година) за мундијалот.
Во групата А што е најбројна ќе играат БиХ, Шведска, Словачка и Ерменија, во групата Б се Холандија, Австрија и Албанија, групата Д, пак, ја сочинуваат Белорусија, Бугарија и Португалија.