Блокотехна се избори за мајсторка во серијата „подобар од три“ во кошаркарскиот плеј-оф на Македонија. Гевгелискиот лигаш вечерва како домаќин го совлада шампионот МЗТ Скопје со 106:94 (по четвртини: 31:23, 28:22, 24:22, 23:27).
За разлика од првиот дуел, Блокотехна овојпат беше подобар ривал на теренот, реши во своја корист три периоди од средбата и ги заслужи одлучувачките 40 минути во недела (18 часот) во СЦ „Јане Сандански“.
Американецот Бенџамин беше предводник на гевгеличани со 31 кош пришто најголема поддршка имаше од Мијатовиќ кој постигна 20 и Главчев, стрелец на 16. Прв стрелец меѓу аеродромци беше Соколов кој мечот го заврши со 16 поени.