Тениска класика на Австралија опен: Ѓоковиќ против Федерер за финале

Српскиот тенисер во полуфиналето во Мелбурн го совлада Канаѓанецот со црногорско потекло, Милош Раониќ со 6:4, 6:3 и 7:6 за нешто помалку од три часа игра. Швајцарецот, пак, спаси седум меч топки и успеа, со пресврт, да го елиминира Тенис Сандгрен од САД со 6:3, 2:6, 2:6, 7:6, 6:3

Ракометно ЕП: Хрватска и Шпанија за злато, Норвешка и Словенија за бронза

„Коцкестите“ во полуфиналето, по голема драма, ја елиминираа Норвешка по дури четири продолженија со 29:28 (основните 60 минути завршија без победник - 23:23) додека Шпанија ја порази Словенија со 34:32

Доаѓа тениската „нова генерација“: Циципас преку Федерер до прво финале во Лондон

Младиот грчки тенисер во полуфиналето го елиминира швајцарскиот ветеран со 6:3, 6:4 и за титулата, во недела во „О2 арена“, ќе игра со подобриот од Доминик Тим и Александар Зверев чиј дуел е закажан за вечерва од 21 часот

Падна светскиот шампион: Словенија прв финалист на ЕП во одбојка

„Змајчеки“ во полуфиналето во арена „Стожице“ во Љубљана го поразија актуелниот светски шампион, Полска со 3:1 (по сетови: 25:23, 24:26, 25:22, 25:23) и за титулата во недела ќе играат со подобриот од мечот Франција - Србија што е закажан за вечерва во 20 часот

Вимблдон: Халеп прва финалистка во Лондон

Романката, која во Лондон настапува како седма носителка, во полуфиналето ја совлада Елина Свитолина со убедливи 6:1, 6:3 за еден часа и 12 минути игра. За титулата ќе игра против подобрата од втората полуфинална пресметка меѓу Американката Серена Вилијамс и Барбора Стрицова од Чешка

Нова шлаканица за Меси: Бразил ја елиминира Аргентина на Копа Америка (Видео)

Стрелци за „кариоките“ во полуфиналето во Бело Хоризонте беа Габриел Жезус во 19. минута и Фирмињо во 71. минута. Бразилците ќе играат за титула против подобриот од мечот Чиле - Перу кој ќе се одигра ноќеска. Финалето е на 8 јули на „Маракана“ во Рио де Жанеиро

Ракометна сензација во Келн: Барселона по вторпат се „удави“ во Вардар

„Црвено-црните“ по вторпат ги „исчистија“ Каталонците во полуфиналните пресметки во Келн. По триумфот во 2017 година со 26:25, вардарци попладнево повторно го елиминираа шпанскиот гигант со 29:27 и ќе играат против Веспрем во утрешното финале за титула во Лигата на шампиони (18 ч.)

Еден Македонец во финале во Келн: Манасков со Веспрем ќе игра за титула во ЛШ

Унгарскиот состав, чиј член е Дејан Манасков, во полуфиналето го совлада Кјелце со 33:30 (полувреме 13:13). Македонскиот репрезентативец остана без минутажа во дуелот за финале што се надеваме дека нема да биде така и во утрешниот меч за титула во „Ланксес арена“. Од 18 часот во „Ланксес арена“ ќе играат Вардар и Барселона во второто полуфинале