Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кошаркарскиот клуб „МЗТ“ се засилува со Американецот Тори Томас

0
By Нова ТВ on September 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот кошаркар, Тори Томас (31 год., 180 см.), во престојната сезона доаѓа да игра за МЗТ Скопје Аеродром откако клубот со него потпиша едногодишен договор. Според информациите од клубот, станува збор за искусен плејмејкер, кој европската кариера ја почнал пред девет години, a досега има играно за 12 различни екипи. Македонија е десеттата земја на Стариот континент каде што Томас професионално ќе настапува, со оглед на тоа што претходно бил дел од екипи од Шведска (Акропол), Холандија (Ханзеваст капиталс и Матрикс меџик), Полска (Туров и Роса Радом), Русија (Спартак Приморје), Србија (Партизан), Италија (Скаволини), Турција (Алиага Петким), Франција (Ле Ман и Шоле) и Грција (Арис).

Во 2011 година, со просек од 14,4 поени, 4,2 скока и 5,7 асистенции беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на првенството во оваа држава како член на Туров, додека лани беше најдобар крадливец на топки во грчкиот шампионат како играч на солунски Арис.

Томас е четвртиот кошаркар од САД кој летово потпиша договор со МЗТ Скопје Аеродром, по Џош Скот, Џеремаја Мејси и Ксавиер Темс. Тука се уште Шарлон Клоф, Ѓорѓи Дреновац, Урош Лучиќ, Јуре Лалиќ, Марко Симоновски, Љубомир Младеновски, Адем Мекиќ и Андреј Цветковски. „Металците“ за дваесетина дена со гостување против Црвена звезда ги почнуваат настапите во АБА-лигата, додека на 12 октомври против Уникаха во Малага ја имаат првата обврска во Еврокупот.

МЗТ Тори Томас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.