Во спортската сала во Зубин Поток на Косово, во која денеска треба да говори премиерот на Србија, Александар Вучиќ околу 3 часот утринава е фрлена бомба.
Покрај експлозијата во салата е пукано и од автоматско оружје. Во салата имало само работници кои ја местеле бината, на која треба да говори премиерот Вучиќ. Безбедноста на северот од Косово е подигната на највисоко ниво. Полицијата го обезбедува местото, а истрагата е во тек.
- Силата на Србија ништо не може да ја исплаши, рече Вучиќ обраќајќи им се на граѓаните и рударите од Трепча и додаде дека се лаже секој кој мисли дека ќе го исплаши и го одврати од посетата на Косово.