По судирите на демонстрантите и полицијата во Косово во вечерните часови, поради апсењето на косовскиот опозицинер Албин Курти, тој во текот на ноќта е ослободен од притвор.
Курти е пратеник во косовскиот парламент и основач на опозициското движење Самоопределување.
Според лидерот на движењето пак, Висар Имери, апсењето на Курти претставувало киднапирање.
Опозиционерите во Косово го повикаа премиерот Иса Мустафа и заменик премиерот Хашим Тачи веднаш да го ослободат, предупредувајќи дека тензиите би можеле да доведат до несогледливи последици.
Косовската полиција рече дека својата задача ја извршува по налог на надлежното обвинителство по што го спровела на испитување во полицијата.
Апсењето на Албин Курти беше поради неговата активација на солзавец во парламентот.
Курти неодамна во знак на на протест на договорот меѓу Приштина и Белград, постигнат со посредство на Европската унија, побара иминентно укинување на договорот.




