Published: Tuesday, October 27, 2015 14:05
Европската унија и Косово денеска во Стразбур потпишаа договор за асоцијација и стабилизација. Претставници од двете страни ги ставија своите потписи на документот за време на сесијата на Европарламентот.
Постигнувањето на договорот е карактеризиран како „пресвртница“, бидејќи се воспоставува договорни односи Косово и Унијата.
Договорот за стабилизација и асоцијација е кулминација на преговорите кои започнаа во октомври 2013 година, и претставува чекор понапред кон членство во ЕУ.
Во 2008 година Косово прогласи независност, а денеска е признаено од 23 од вкупните 28 членки на ЕУ.




