Претседателката на Косово, Вјоса Османи, доби писмо од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Претседателството на Косово официјално објавува дека во писмото, Трамп ја оценува одлуката на Косово да прифати граѓани од трети земји како индикатор за подготвеност за соработка со САД, нагласувајќи дека овој чекор ја одразува силата и сочувството на косовскиот народ, пишува Газета експрес.
Претходно, Косово се согласи дека ќе прифати 50 имигранти депортирани од САД.
Соединетите Американски Држави и Косово имаат длабока врска, заснована на меѓусебно почитување, заеднички демократски вредности и визија за мирна и просперитетна иднина. Вашата посветеност на зајакнување на оваа врска не остана незабележана , нагласи Трамп.
Тој изразува увереност дека партнерството меѓу двете земји ќе се продлабочи дополнително во наредните години и го опишува претседателот Османи како „вистински пријател на Соединетите Американски Држави“.
На крајот од писмото, претседателот Трамп ѝ ги пренесува на претседателката Османи поздравите и најдобрите желби од првата дама на САД, Меланија Трамп.