Published: Friday, March 11, 2016 10:09
Откако изминатите месеци косовските опозиционери редовно користеа солзавец на седниците во Парламентот, Владата во Приштина одлучи да набави скенер за да ги спречи пратениците да внесуваат солзавец и таму да го активираат.
Службите во Парламентот како решение најавуваат инсталирање на модерен скенер кој при влез ќе детектира што носи секој пратеник и доколку е пронајден солзавец ќе му биде одземен. Скенерот ќе чини околи 270 илјади евра.
Инаку, пратениците на опозицијата не само што фрлаа солзавец, туку фрлаа и ласерски светлосни снопови кон министрите, а премиерот Иса Мустафа го полеваа со вода.




