Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косовскиот заменик-министер за правда одбиен за посета на осудените во „Диво Насеље“

0
By Sashko on December 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Управата за извршување на санкции не дозволи осудените лица за „Диво Насеље“ да бидат посетени од заменикот министер за правда на Косово, Блерим Салиху. Салиху, како што информираат од Управата, може да го посети КПД Идризово, но не и осудени лица.

Од Управата за извршување на санкции информираат дека во согласност со член 199, став 1 и 2 од Законот за извршување на санкции, осудените лица-странски државјани кои издржуваат казна затвор во казнено- поправните установи во Р.С. Македонија, можат да бидат посетувани од конзуларен претставник сообразно со правилата на меѓународното право под услови на реципроцитет.
Конзуларниот претставник е должен претходно да ја најави и закаже посетата во установата во која лицето ја издржува казната затвор. Во случајот, Амбасадата на Република Косово се обратила со барање да му се овозможи на заменикот министер за правда на Република Косово да ги посети косовските државјани кои издржуваат казна затвор во КПД „Идризово“, а од слобода се лишени на 09.05.2015 година во Куманово. Согласно наведеното, Управата за извршување на санкции смета дека заменикот министер за правда не е конзуларен претставник на својата држава во Р.С. Македонија, туку е политички претставник на Р. Косово-именуван функционер кој не е истовремено овластен да е конзуларен претставник на Р.Косово за што треба да исполни посебни услови предвидени со меѓународното право. Од оваа причина, почитувајќи го законот, Управата за извршување на санкциите Ве известува дека не сме во можност да ја дозволиме бараната посета на осудените лица наведени погоре во текстот, се вели во соопштението од Управата за извршување на санкции.
Заменикот министер за правда на Косово, Блерим Салиху на 8 декември најави дека на 9 декември ќе го посети Скопје, како и затворот „Идризово“ и дека ќе оствари средба со раководството на установата, но потоа посетата беше одложена.
Во престрелка во мај во 2015 година во кумановската населба „Диво Насеље“, животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и десет членови на вооружената група.
За настаните во „Диво насеље“ од февруари во 2016 година во Кривичниот суд се водеше судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”. Сите 29 обвинети за кумановските случувања пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се водеше постапка против осум лица помагачи на вооружената група од „Диво насеље“, со што бројот на обвинети се зголеми на вкупно 37.

Основниот кривичен суд Скопје во ноември во 2017 година ја објави првостепената пресуда, а Апелација ја потврди во јули во 2019 година. Од 37 обвинети за „тероризам“ и „терористичка организација“, 33 лица беа осудени за делата (седум на доживотна казна затвор, а останатите 26 лица на казни затвор од 12 до 40 години), а за четири лица е донесена ослободителна пресуда.

Диво насење Заменик министер Косово Македонија осудени посета Управа за извршување санкции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.