ИТ инженерите работеа деноноќно против конкретниот хибриден напад врз Фондот за здравствено осигурување, изјави пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во гостувањето на Канал 5.
Треба да ги пофалиме овие луѓе кои работеа на серверот. Политиката не треба да е реално шоу. Овие луѓе никој не ги пофали, а тие работеа деноноќно. Еве веќе почна исплатата на платите, боледувањата и падна во вода лагата дека ја нема базата на податоци, истакна Костовски.
Тој напомена дека се води нова, современа војна.
Ние сме цел на хибридни закани. Ги има секаде во регионот и во Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина. Ние имавме и помош преку Европол, Интерпол… Ова ќе биде добра школа и секоја институција треба да вложува повеќе во кибер заштита, рече Костовски.