Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коце Трајановски знае да се фали, а не знае да понесе одговорност

0
By Нова ТВ on August 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 7, 2016 21:18

Без застанување продолжуваме со проектите за подобро и поубаво Скопје, ваков е насловот на интервјуто на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, објавено во мај на порталот Скопје инфо.

Пред само два и пол месеци од трагедијата која го погоди главниот град и однесе над 20 жртви, таткото на градот изјавил дека очекува оваа 2016 година да биде подеднакво успешна како и минатата 2015 година.

„Нашите екипи работат во сите десет скопски општини, градиме нови водоводни, канализациски и атмосферски мрежи, се прошируваат улици и булевари, се градат кружни текови и фискултурни сали, се реконструираат велосипедски патеки и мостови…“, набројува во интервјуто Трајановски.

На прашањата кои проекти се предвидени во периодот кој следува, градоначалникот ги издвојува изградба на атмосферска канализација на улиците Џон Кенеди и Кемал Ататурк, како и за изградба на фекална канализација по должината на булеварот Партизански одреди, на потегот од булеварот 8.Септември до улицата Московска, како и други градежни зафати и реконструкции на улици низ Скопје.

Трајановски се пофалил дека во последниве неколку години активно работи на полето на енергетската ефикасност, како и гасификација на 4 средни училишта. А особено е горд што Скопје станало првата локална самоуправа во Македонија, која што набавила електроавтомобил и 5 електровелосипеди и 5 електроскутери за потребите на градската администрација. Градоначалникот нагласува и дека градската власт во последниве неколку години интензивно вложува во уредување и промоција на туристичките дестинации.

pop

Денеска, на црниот ден за Скопје, кога животот досега го загубија 21 лице, а над 70 се повредени, Трајановски не чувствува никаква одговорност. За поплавата и невремето одговорноста ја префрли на природата, и како што рече врз Скопје била фрлена „водена бомба“. Според Трајановски, не постои канализациска
мрежа која би можела да ја издржи надојдената вода.

При синоќешната посета на реонот во Сингелиќ и Стајковци, каде што беше на терен да изврши увид од поплавите, Трајановски беше исвиркан и избркан од страна на локалното население. Зошто токму во Гази Баба, пред пет месеци Трајановски, заедно со градоначалникот на Гази Баба и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека се завршени градежните работи за изградба на канализација и патишта.

Трајановски на чело на Скопје го тера својот втор мандат. За градоначалник беше избран во 2009 година, а потоа повторно победи во трката за градоначалник на локалните избори во 2013 година.

 

Коце Трајановски поплава Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.