Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коцевски за 27 април: Тропаа на вратата и викаа „излезете комуњари“

1
By Нова ТВ on September 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Кривичниот суд во Скопје продолжи судското рочиште за 27 април, со сослушување на четворица сведоци

Прв сведочи Сашко Коцевски, самостоен референт во системот за електронско гласање и мониторинг. Коцевски рече дека до 20 март и самиот бил учесник во протестите на иницијативата „За заедничка Македонија” и дека како учесник добивал насоки од претседателите на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ против тиранската платформа.

-Ние како партија работиме како војска, добивавме насоки од општинскиот комитет и од претседателите на месните комитети за присуство на протестите на За заедничка Македонија како поддршка против тиранската платформа. Се доаѓаше пред Собранието по слободен избор без уцени и без сендвичи и пари како што имаше шпекулации, рече Коцевски.

Одговарајќи на прашања на одбраната тој кажа дека насоките од партијата биле достоинствено да ги истераат протестите, без никакво нарушување на редот и мирот и без никакви провокации по секоја цена. За говорите на протестите на Борис Дамовски и Игор Дурловски сведокот кажа дека не биле говор на омраза, туку мотивирачки да се издржи во борбата.

Судијката Добрила Кацарска го предупреди да не се осврнува на политичкиот контекст, туку да ја говори фактичката состојба што ја засведочил.

За собраниската седница на 27 април тој кажа дека се до 17.30 часот имала нормален тек. Откако Трајко Велјановски му дал збор на пратеникот од БЕСА Зекирија Ибраими кој ја пееше химната на Албанија. Се кренала тензијата меѓу пратениците, а за збор се јавиле Крсто Мукоски, Илија Димовски и Томислав Тунтев. Мукоски земал збор ја пеел македонската химна, а потоа Велјановски не им дал збор на Димовски и Тунтев бидејќи веќе било 18 часот и ја прекинал седницата затоа што дента немало координација за да се работи подолго.

– Со тоа мое задолжение е да ги исклучам микрофоните. Тоа се некои 2-3 минути додека да се исклучат двата компјутери. Тогаш околу мене имаше неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и некој довикна да не се дозволи гласање ако СДСМ се обидат да направат начин за избор на претседател на Собрание. Не знам кој го зборуваше тоа бидејќи мојата позиција е седечка, но кога се свртев позади мене беа пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Жаклина Пешевска, Илија Димовски, господинот од социјалистичката партија Димовски и мислам Јохан Тарчуловски. Тогаш дојде некој од обезбедувањето и ми рече да го исклучам системот за гласање и да ја напуштам седницата. Не знам кој полицаец беше, сведочеше тој.

Коцевски рече дека им рекле да се заклучат во собата за техничка режија оти влегол народ во Собранието. Таму, како што рече, биле од 18:40 до 20 часот.

-Останавме заклучени. Се обидувавме да стапиме во контакт со генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски, рече сведокот, објаснувајќи дека Денковски ги побарал подоцна, но како што рече тој само прашал за опремата.

Додека биле заклучени во собата, се слушало викање, тропање и истрели: „Почнаа да викаат: ‘Отворете, отворете! Излезете комуњари’“, рече Коцевски пред судот. Се присети дека на колешката и дал дијазепам за да се смири. Сведокот рече дека се скриле зад регалот, бидејќи се плашеле да не се одбие некој куршум.

Во собата останале до 20 часот, од каде потоа ги извлекол Горан Ѓошевски Леви со уште тројца од собраниското обезбедување.

Апостолски бара изземање на Кацарска

Адвокатот на пратеникот Јохан Тарчуловски, Антонио Апостолски, побара изземање на судијката Добрила Кацарска, бидејќи се сомнева дека таа е во роднински врски со некој од оштетените во предметот.

Судијката побара да го образложи ваквото барање, а тој рече дека во текот на денот ќе достават докази до судот. Апостолски, исто така, рече дека Кацарска тенденциозно го води предметот.

Судијката даде пауза од 1 час за претседателот на судот да одлучи за барањето.

Освен Коцевски, денеска треба да сведочат и пратеникот Ферид Мухиќ, Курто Дудуш и новинарката Душица Мрѓа.

27.април Коцевски судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.