Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: 2022 беше најтешка во мојата кариера

0
By Соња Крамарска on January 16, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски со воведно обраќање ја отвори годишната конференција со наслов: „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ во организација на Стопанската комора.

„Ако треба да ги споредам 2022 и 2023 година би кажал дека 2022 беше веројатно најтешката во мојата 22 годишна професионална кариера. Но, кога ќе ги видам резултатите на крајот од годината, начинот на кој се справивме со енергетската и економската криза и начинот на кој воспоставивме соработка со Стопанската комора, можам да бидам задоволен“, рече тој.

Ковачевски подвлече дека земјава е соочена со голем број предизвици како економски така и политички, воената агресија врз Украина, а со тоа и раст на цените на енергијата и храната, инфлација. „Со самото доаѓање на оваа Влада која ја предводам, фокусот беше еден, а тоа е економијата, и справување со последиците од енергетската криза. Паралелно, креираме планови и мерки за раст на економијата на среден и долг рок“, посочи тој.
„Јас паметам години во овој хотел, во оваа сала кога деловната заедница беше собирана токму оваа стопанска комора, и јас сум присуствувал на тие состаноци и кога еден поранешен претседател на Влада моравме да го чекаме по 1 саат да касни за да дојде заедно со МФ и да ни кажат дека ДДВ нема да се враќа и на тоа да се даде аплауз, бидејќи ако не дадете аплауз тогаш други работи немаше да бидат сервисирани од страна на државата. Тие времиња се минати“, рече Ковачевски во својот говор.

Премиерот елаборираше дека во 2022 година, повратот на ДДВ изнесува 727,2 милиони евра, што е и највисок поврат на ДДВ кон стопанството од осамостојувањето.
„Буџетот за 2023 година е мој прв буџет како премиер и лично ќе се залагам да покаже резултати, да ја обезбеди потребната основа за премин кон забрзан економски раст и развој на државата за да понатаму се постигнат посакуваните и потребни стапки од 5 проценти на БДП“, истакна Ковачевски пред учесниците на конференцијата.

Тој рече дека и оваа година фокусот на Владата е раст на инвестициите. „Наша цел е домашните и странските инвестиции да бидат двигатели на растот, да се зголемува извозот, да се намалува невработеноста, паралелно да растат платите и да се подобрува животниот стандард“, вели Ковачевски.

„За само една година во Северна Македонија изградени се над 80 мегавати на сончеви електрани, а се очекува до крајот на 2023 во македонскиот енергетски систем да има инсталирано околу 300 мегавати од фотонапонски електрани. Обновливите извори веќе се реалност во Европа и европските земји засилено инвестираат во нив. Владата на Република Северна Македонија, ја прифати таа реалност и ја донесе Стратегијата за развој на енергетиката до 2040, базирана на Европскиот зелен договор. Во Стратегијата предвидена е изградба над 1.500 мегавати на фотонапонски електрани, над 700 мегавати ветерни електрани и над 500 мегавати големи хидроелектрани. Сето ова значи услови за развој и на стопанството и можност нашата татковина да ја претвориме во зелен енергетски центар кој ќе ја снабдува земјата, регионот но и Европа со чиста, зелена енергија“, посочи премиерот.

Димитар Ковачевски конференција Стопанска комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.