Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски-Борел: Почетокот на преговорите со Северна Македонија е од геостратешки интерес за ЕУ

0
By Ivana on March 14, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 14, 2022 16:33

Во време на голема нестабилност, која е резултат на воената агресија на Русија врз Украина, како никогаш досега се јавува потребата Европа да биде обединета, силна и целосно подготвена да ги одбрани демократските вредности на чии темели е изградена. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски при посетата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жосеп Борел.

„Северна Македонија, како членка на НАТО и земја-кандидат уште од првите денови на конфликтот ја постави својата позиција во линија на своите сојузници од ЕУ, САД и НАТО. Силно ја осудивме воената агресија на Русија врз Украина и ги активиравме санкциите кон Руската Федерација“, истакна претседателот на Владата на Северна Македонија Ковачевски.

Тој додаде дека денес сме сведоци на воена агресија во која веќе премногу недолжни луѓе, меѓу кои и деца ги изгубија своите животи и кога над 2.5 милиони Украинци се веќе бегалци и ги напуштиле своите домови.

„Во овој контекст, Европската Унија и сите земји членки треба да делуваат стратешки и храбро и да повикаат на интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија“, рече на прес-конференцијата премиерот Ковачевски и потенцираше дека единствено Европа која е целосно обединета може да е силна Европа.

Тој нагласи дека од исклучителна важност е Европската Унија и земјите членки максимално да се вклучат бидејќи проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан сега веќе е и стратешко и безбедносно прашање.

“Интеграцијата значи заедничка посветеност за изградба на силна, стабилна и обединета Европа, како дом на демократски и цивилизациски вредности и сили. Оставањето геостратегиска празнина во нашиот дел од Европа не е опција. Брзата интеграција на Северна Македонија и регионот ќе обезбеди стабилност, но и развој на Европа. Потребни ни се предвидливи, веродостојни, засилени и забрзани процеси на интеграција во ЕУ“, нагласи премиерот Ковачевски.

Ковачевски уште додаде дека Владата останува посветена на реформите и реформските процеси, врзани пред сѐ со владеењето на правото, борбата против корупцијата и демократското владеење, како и на работата за поскоро закрепнување од економската криза за којашто се очекува зајакната финансиска поддршка од Европската Унија, со што дополнително ќе се овозможи забрзана енергетската и дигиталната трансформација.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија Жосеп Борел, на прес-конференцијата истакна дека Република Северна Македонија се покажа како одговорен член на меѓународната заедница во придружувањето на осудата на воената агресија на Украина.

Тој дополни дека Северна Македонија и Западен Балкан останува во врвот на стратешките приоритети на ЕУ и дека тој и Европската Комисијата ќе направат сѐ што е неопходно членството на земјата во ЕУ да биде реалност колку што може поскоро.

Борел информираше дека Европската Комисија подготвува мерки од Европскиот инвестициски план за Западен Балкан за поддршка на енергетската диверзификација и намалување на зависноста, како соодветен одговор на економските последици со кои сите ние се соочуваме, а се предизвикани од војната. 

 

до високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жосеп Борел, за неговата континуирана и цврста поддршка и лична заложба за Република Северна Македонија да добие датум за преговори без понатамошни одлагања и за иднината на Западен Балкан во Европската Унија упати на денешната средба премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски го прими Борел, кој се наоѓа во работна посета на нашата земја и кој на средбата беше придружуван од шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир.

Премиерот Ковачевски и потпретседателот на ЕК Борел имаа тет-а-тет средба по што следуваше билатералниот состанок на двете делегации, на која од наша страна присуствуваа заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

На средбата беше уште еднаш осудена неиспровоцираната и неоправдана војна на Русија во Украина која предизвикува тектонски геополитички поместувања која бара од сите во Европа да дејствуваат во единство, цврсто и навремено.

За време на разговорот беше нагласено дека Владата, со поддршка на ЕУ, продолжува со реформите и нивната имплементација во борбата против корупцијата, владеењето на правото, дигитализацијата и зелената агенда.

Премиерот Ковачевски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија Жосеп Борел, ја истакнаа потребата за брзо делување и за остварување на стратешкиот интерес и придобивка на ЕУ од проширувањето со Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан како приоритет за европската безбедност.

Во таа насока беше поздравен и напредокот во разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија за изнаоѓање на достоинствена и победничка европска формула која би го деблокирала почетокот на пристапните преговори за Северна Македонија, а како посебно значајно соговорниците на средбата истакнаа дека билатералните прашања не треба да го усложнуваат процесот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.